Последни проекти
Економски Факултет-Прилеп
www.eccfp.edu.mk
Т.А. Теотравел
www.teotravel.com
Технички Факултет-Битола
www.tfb.edu.mk
Повеќе
Известувања
- 01.02.2009
Препродажба на хостинг пакетите - 31.08.2008
Септемвриски попуст
на хостинг пакетите - 13.06.2008
Делот за кориснице е вратен во функција - 12.06.2008
Надградба на сајтот
За нас
После неколкугодишно искуство во развој на десктоп и мрежни апликации под Windows,со развојот на вебот КМСофт почна да работи и да се фокусира и на веб проекти од 2001 година. Оттогаш до денес, следејќи повеќе правци во развојот на интернет апликации, КМСофт израсна во фирма што нуди комплетни веб дизајн и веб апликациски решенија, од стандардни решенија со системи за администрирање на податоци, до комплексни решенија работени според барањата на клиентите.
Ние веруваме дека интернетот и соодветната интернет презентација игра важна улога за секој бизнис, како и за секоја организација или здружение.
Основни цели
Наша цел е да понудиме:
- креативни идеи, како во графички дизајн, така и во самата функционалност на решенијата што ги работиме
- што поширок опсег на веб услуги за да бидеме во можност да одговориме на барањата на што поголем број клиенти
- решенија што сигурно ги оправдуваат вложените средства од страна на клиентите
- да бидеме сигурни дека клиентот ќе биде задоволен од нашето решение и дека ќе може без проблеми и додатни интервенции да го одржува и употребува.
Искуство и експертиза
Како резултат на повеќегодишната работа на повеќе проекти директно за крајни корисници или преку други компании, КМСофт стекна искуство во изработка како на динамички решенија од повеќе стотици страни, така и во малечки презентации од една или неколку страни во кои главниот акцент е поставен на дизајнот. Во секој проект ги користиме најновите модерни технологии за да овозможиме поголема конкурентност на нашите решенија. Преку употреба на CSS, AJAX, DHTML, Flash нудиме кориснички интерфејс што ги следи модерните правци во развојот на веб апликациите. Преку MySQL, PHP, XML и WebServices(SOAP), со користење на MVC(Model-View-Controller) и OOP(Object Oriented Programming) во позадина остваруваме стабилност и флексибилност во самата функционалност на нашите решенија. Со други зборови, можете да сметате и да се потпрете на нашата професионалност и повеќегодишно искуство во областа на развојот на веб решенија.
Комуникација
За да можеме да креираме ефективно решение според вашите побарувања, ние мораме добро да се запознаеме со вашата професионална дејност. Спремни сме да инвестираме време и енергија, потребни за да се постигне решение кои ќе биде максимално функционално за вас.
Како што напредуваат проектите, се трудиме да сме во постојан контакт со клиентите и по пат на консултации да проверуваме дали сме на вистинскиот пат да ја понудиме најдобрата функционалност, воедно давајќи сугестии и идеи околу самата функционалност и имплементација.