Услуги
Нашата мисија е да станеме единствена дестинација за сите потреби поврзани со вашата интернет презентација. Без разлика дали тоа е едноставен сајт со презентација на вашиот бизнис или комплексна апликација прилагодена според вашите потреби, дали се работи за вашата прва презентација или за подобрување на постоечката, ние можеме да излеземе во пресрет на предизвикот и да направиме квалитетно решение за вас. Со тоа ќе ви овозможиме да се фокусирате на вашиот бизнис, а самото одржување на содржините да биде крајно едноставно и да одзема минимум време.
Веб дизајн
Дизајните што ги креираме се со висок квалитет, изработката е уникатна и не се употребуваат готови шаблони(templates) кои можат да се најдат бесплатно на интернет. Со тоа го избегнувате непријатното изненадување да најдете некоја друга компанија која го има истото графичко решение на нивниот сајт. Дизајните се изработуваат според тековните стандарди имајќи во предвид дека покрај изгледот треба да овозможат лесна употребливост и лесен систем за навигација што ќе им помогне на вашите посетители да имаат добра ориентација при разгледувањето на содржините. Основната цел на секоја интернет презентација е да се заинтересираат посетителите за производите и услугите кои ги нудите и да помогне тие да станат ваши клиенти или купувачи. За да се оствари таа цел потребно е да имате професионална слика на вашиот бизнис претставена преку вашиот сајт. Повеќе
Веб апликации
Во нашето портфолио ќе најдете голем распон на комплексност на веб апликации. Од малечки статични презентации, преку посложени сајтови со сопствен систем за администрација до комплексни веб апликации со специфични барање за системи за одржување на содржините и управување со апликацииите. Покрај самата изработка, можеме да ви дадеме и совети во врска со самото планирање и организација на апликацијата. Од нашето искуство знаеме дека секој проект има специфични побарувања и со нашата услуга ќе добиете целосна услуга вклучувајќи и фино подесување на опциите и деловите на апликациите се до целосно прилагодување кон вашите потреби. Повеќе
Хостинг
Секој сајт потребно е да се хостира на сервер кој е достапен нон-стоп. Освен како составен дел на изработката на веб решенијата, хостингот го нудиме и како самостојна опција. Секој корисник добива пристап до контролен систем од каде што има можност да управува со главните параметри на еден хостинг пакет. Повеќе
Веб маркетинг
Штом веќе имате веб сајт, потребно е да привлечете што повеќе посетители. Една од основните задачи на веб маркетингот претставува оптимизацијата на сајтот за подобро рангирање од пребарувачите(Google, Yahoo и др.) позната како SEO(Search Engine Optimisation). Со оптимизацијата се добива повисок ранг кај пребарувачите, подобро место во излистаните резултати и поточно и попрецизно лоцирање при пребарувањето по клучни зборови.
Како други методи на веб маркетингот се користат PPC(Pay-Per-Click) и PPV рекламирање, email кампањи, изработка и размена на графички банери и т.н.
Графички дизајн
Покрај изработката на веб решенија, КМСофт е во состојба да ви понуди висок квалитет и во следните услуги:
- Дизајн на лого
- Комплетен профил за брендирање на вашата фирма (лого, меморандуми, визит карти…)
- Дизајн и припрема за печатени реклами и брошури.
Аутсорсинг
КМСофт ги нуди сите услуги на база на аутсорсинг(outsourcing) соработка, за сите фирми кои се заинтересирани да станат наши партнери во оваа сфера.