• Почетна
  • За Нас
  • Услуги
  • Портфолио
  • Поддршка
  • Контакт
  • Веб дизајн
  • Веб апликации
  • Хостинг
  • Веб маркетинг
  • Графички дизајн
  • Аутсорсинг

Веб апликации

Во нашето портфолио ќе најдете голем распон на комплексност на веб апликации. Од малечки статични презентации, преку посложени сајтови со сопствен систем за администрација до комплексни веб апликации со специфични барање за системи за одржување на содржините и управување со апликацииите. Покрај самата изработка, можеме да ви дадеме и совети во врска со самото планирање и организација на апликацијата. Од нашето искуство знаеме дека секој проект има специфични побарувања и со нашата услуга ќе добиете целосна услуга вклучувајќи и фино подесување на опциите и деловите на апликациите се до целосно прилагодување кон вашите потреби.

Системи за одржување на содржините(CMS)

Скоро секоја интернет презентација содржи систем за администрација на содржините од кои е составена. Покрај одржувањето на текстот, преку системот е возможно преку лесен и интуитивен пристап да се ажурираат и слики, разни HTML делови, банери, анкети, Flash делови, калкулатори, форуми, новости, контакти и т.н. Системите се прават да бидат лесни за користење и за лица со основни познавања од областа на интернетот. Секој клиент е во можност да ги избере податоците кои ќе се изменуваат преку систем за администрација, како и начинот како тоа ќе се прави. Исто како и јавниот дел, се прави и детален план за изработка и на делот за администрација за да биде прилагоден до потребите на клиентот и да овозможува што полесно и побрзо администрирање на содржините од сајтот.

Веб програмирање по порачка

Во своето повеќегодишно искуство КМСофт најголем дел од проектите ги развива според нарачка од клиенти кои имаат специфични побарувања и и не можат да најдат комерцијален пакет кој во целост ќе одговори на нивните барања. Доколку не постои такво готово решение како софтверски пакет кое би одговорило според вашите потреби или решението кое го употребувате не е оптимално, тогаш е потребно да се дизајнира и изработи софтверско решение кое ќе ви овозможи максимално искористување на вашите ресурси и во најкус можен рок да го реши вашиот проблем. Пред да се решите на ваков тип софтверско решение треба да се одговори на две прашања. Дали ќе се заштеди со имплементација на ново решение и дали тоа во целина ќе ги реши проблемите со кои се среќавам во досегашната работа. Доколку одговорот на овие две прашања е потврден, тогаш слободно контактирајте не за да дискутираме околу можното решение.

Покрај развојот на Web базирани решенија, КМСофт нуди изработка и на комплексни апликации во повеќе нивоа(multitier) во комбинација со Windows апликации и решенија базирани на мобилните платформи.

Во своето портфолио, КМСофт има развивано апликациски модули или комплетни апликации од следните области

  • Управување и односи со корисници (CRM - customer relationship management)
  • Управување со развој на софтверски проекти (Task and Time management solutions)
  • Онлајн фактурирање
  • Амбулантна продажба на производи (UDN - ultimate distribution network)
  • Онлајн резервации и интеграција на онлајн уплати
  • Финансиско управување за потребите на ISP (Internet Service Provider Finance Management)
  • Win32 апликации за одржување или помошно одржување на содржини на интернет презентации/сајтови

© KMSoft, сите права задржани